„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски
Не стивнуваат препукувањата меѓу владејачката и опозициската партија околу вклученоста на Ивица Томовски во „епскиот скандал“ како што го нарече опозициската СДСМ, според која, тој е сопственик накомпанијата која добила над 150 тендери.
- Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата.
Реакциите на Томовски за скандалот со семејната фирма која добила 161 тендер (5,3 милиони евра) се епски, како на човек што сака да побегне од сопствената сенка.
Што вели Томовски сублимирано во една речница:
Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, сè е мое, ама немам никаква врска со фирмата.
Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени.
Не е време за правдање туку за одговорност!
СДСМ ја повикува ДКСК да покрене истрага за конфликт на интерес и за корупција во врвот на владата на Мицкоски.
Работата не е завршена! - нагласуваат од СДСМ.
Опозиционерите од пред три дена започнаа со објава на пресконференции на кои тврдат дека Томовски е сопственик на фирма која добила бројни тендери од државата и огромни финансии.
Слично
