БРОЈКИТЕ СЕКОЈДНЕВНО СКОКААТ: Се води битка со ковид-19, расте и желбата за вакцинација
Бројот на новозаразени со вирусот во Македонија продолжи да расте.
Властите објавија 1.081 нови инфекции и 15 смртни случаи како резултат на инфекцијата вчера.
Во последните 24 часа тестирани се 6.802 лица, од кои 15,89 проценти се позитивни.
Како резултат на вирусот корона во Северна Македонија, починаа 5.589 лица, регистрирани се 164.529 инфекции, од кои 7.705 се активни.
Оздравени се уште 91 пациент, со што бројот на излечени се зголеми на 151.235.
Од друга страна, по новововедените мерки се разгорува и желбата да се имунизираат граѓаните против ковид.Пред вакциналните пунктови има гужви а до завчера се ревакцинирани речиси половина милион граѓани.
Слично
