БРОЈКИТЕ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД РАСТАТ: Ова се трите „најопасни“ градови во овој момент
Во земјава се регистрирани 882 нови случаи на коронавирус, а 14 лица починаа од вирусот, соопшти Министерството за здравство. Како што е наведено, во последните 24 часа се направени 6.591 тестови за ковид и 13,38 проценти од тестираните се позитивни.
Досега, 5.668 луѓе починале од коронавирус во Северна Македонија, 168.872 се дијагностицирани, а има 11.106 активни случаи.
Институтот за јавно здравје регистрираше дека уште 140 пациенти се опоравиле, така што вкупниот број на излечени пациенти се зголемил на 152.098.
Трите најопасни градови во овој момент каде тлее корроната се Скопје каде има 3 693 активни случаи, потоа следи Тетово со 1 855 и Гостивар со 1 513.
Во Македонија, бројот на новозаразени со корона започна да расте во август, така што земјата воведе мерка дека сертификат за вакцинација или прележан „Ковид-19“ е потребен за влез во угостителски објекти, концерти или натпревари. Според одлуката на владата во Скопје, поради забрзаното ширење на вирусот, работата на затворените делови од угостителските објекти е забранета, а за седење во отворени делови на кафулиња, ресторани и клубови, лицата над 18 години ќе мора да имаат потврда за најмалку една примена доза вакцина.
Исто така, владата во Скопје одлучи дека од 1 септември, странските и македонските граѓани ќе треба да имаат сертификат за вакцинација, или негативен PCR тест, или доказ дека неодамна го поминале ковид за да влезат во Македонија.
