Економија, финансии, бизнис

Контакт

„БРОЈКИТЕ И ФАКТИТЕ ЦЕЛОСНО ЈА ПОБИВААТ“: министерот Тошковски и реплицираше на пратеничката Петровска

„БРОЈКИТЕ И ФАКТИТЕ ЦЕЛОСНО ЈА ПОБИВААТ“: министерот Тошковски и реплицираше на пратеничката Петровска

Многу невистини кажани од пратеничката Славјанка Петровска која бројот на убиства го припишува на министерот, а бројките и фактите сами, целосно ја побиваат. Кривични дела убиства, компаративно 2022, 2023, 2024 се 18, 23 и 20. Неточен е фактот дека се зголемени откако јас сум министер за внатрешни работи.

Ова го објави министерот Панче Тошковски на неговиот Фејсбук профил по вчерашните критики упатени на негова сметка во текот на седницата за интерпелација.

- Секој еден граѓанин има болка во душата и плаче за тоа што се случи, а вие сите до еден ја злоупотребувате болката на луѓето кои ги загубија најблиските. Ова што денес го направивте, повторно да ја преживуваат болката, за политички да профитирате, арам да ви е. А јас сум тука, не бегам ни од прашања, не бегам ни од одговорност, не бегам ни од се она што треба да се спроведе. И ќе го направам тоа. А на вас нека ви суди македонскиот народ - дополни Тошковски. 


Слично

Поврзани вести