Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРОЈКИ КОИ ТРЕБА ДА НЕ ЗАМИСЛАТ: 15 илјади средношколци помалку во последните 4 години

БРОЈКИ КОИ ТРЕБА ДА НЕ ЗАМИСЛАТ: 15 илјади средношколци помалку во последните 4 години

Бројот на средношколци намален за 15 илјади во последните четири години-покажува новата студија на Институтот стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ).

Дарко Спасевски од ИСИЕ вели дека она што прво паѓа во очи е дека во 2013 година во сите години - прва, втора, трета и четврта во средното образование, имало 85 илјади ученици, а во 2017 година 70 илјади. 

Трендот на намалување на бројот на ученици, според него, се должи во најголем дел на демографски причини, и констатирано е дека со оглед на тоа што средното образование од 2013-2014 година е задолжително, најголема причина за намалувањето на бројот на ученици се демографските движења.

Вакво драстично намалување е забележано во речиси сите општини освен во Скопје.

Меѓутоа, опаѓа и бројот на наставници. 

Наставниот кадар е намален од 7.100 на 7.000 илјади

Студијата во која се добиени овие податоци, а ја изработил Институтот, имала примарна цел да се види колку транспарентно се трошат средствата во средните училишта. Тие врз основа на слободниот пристап до информации со јавен карактер требало да ги дадат овие податоци за потребите на истражувањето.

Слично

Поврзани вести