БРОЈКАТА НА ЗАРАЗЕНИ СО ПЕРТУСИС ПОРАСНА НА 22: Има четири нови случаи на голема кашлица
Во Македонија се
евидентирани уште четири нови случаи на заразени со голема кашлица. Бројката на
пациенти со пертусис се искачи на 22, потврди за МИА портпаролот на
Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ.
По вчерашниот состанок, Комисијата за заразни болести препорача да се прогласи епидемија на пертусис на подраќјето на Скопје, како и да се забрани приемот и престојот во градинките на децата кои не се вакцинирани со ДиТеПер.
Последниот збор за ваквите препораки ќе го има Владата.
Слично
