Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бројката на починати од коронавирусот надмина 4.500

Бројката на починати од коронавирусот надмина 4.500

Бројката на починати од коронавирусот во земјава надмина 4.500. 

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани  во Македонија од почетокот на епидемијата е 147.995, бројката на оздравени пациенти изнесува 124.828, на починати е 4.509, а бројот на активни случаи изнесува 18.658. Досега во земјата се направени вкупно 695.267 тестирања на Ковид-19.

Пријавени се вкупно 31 починато лице за 24 часа. Од нив 8 се од Скопје (70г, 71г , 76г, 76г, 78г, 79г, 80г, 80г), 4 починати лица од Битола (58г, 64г, 79г и 84г), 3 од Куманово (48г, 74г и 68г), по 2 лица од Гевгелија (68г и 73г), Кавадарци (69г и 80г) и Кочани (71г и 73г) и по едно лице од Велес (76г), Струга (74г), Гостивар (61г), Дебар (78г), Кичево (66г), Охрид (71г), Прилеп (81г), Струмица (59г), Тетово (61г) и Штип (66г). Од починатите пациенти, едно лице е починато во домашни услови, а останатите 30 лица во болнички услови.

foto freepik

Слично

Поврзани вести