Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бројката на ковид дијагностицирани во Македонија надмина 82.000

Бројката на ковид дијагностицирани во Македонија надмина 82.000

Бројката на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата во Македонија надмина 82.000. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 82.301, бројката на оздравени пациенти е 60.256, на починати е 2.473, а бројот на активни случаи е 19.572.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2467 тестирања, а регистрирани се 498 нови случаи на ковид-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 606 оздравени пациенти од: Скопје-194, Дебар-6, Штип-22, Прилеп-61,  Тетово-36, Струга-20, Велес-22, Битола-39, Охрид-45, Кавадарци-24, Гостивар-27, Гевгелија-16, Струмица-23, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-5, Виница-1, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-18, Ресен-5 и Неготино-11.


Починати се 17 лица, шест пациенти од Скопје (66, 45, 77, 72, 77, 67г), двајца од Куманово (62 и 58г), еден од Прилеп (78г), еден од Тетово (59г), еден од Струга (81г), тројца пациенти од Велес (75, 77 и 81г), еден од Охрид (69г), еден од Крушево (54г) и еден пациент од Неготино (60г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Слично

Поврзани вести