Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бројката на активни случаи на коронавирусот падна под 2.000

Бројката на активни случаи на коронавирусот падна под 2.000

Во Македонија бројот на активни случаи на коронавирусот падна под 2.000. 

Станува збор за 1.905 случаи, при што најголем дел од нив се во главниот град. 

Скопје има активни 588, Куманово 230, Прилеп 140, Тетово 105, а Делчево активни 80, од кои 27 се од Македонска Каменица. 

Ресен нема ниту еден случај, а Крушево има само 1. 

За 24 часа, починати се 3 лица, пациентка од Струмица (44г), пациент од Гостивар (58г) веднаш по прием и еден пациент од Охрид (79г). Сите се починати во болница.

За едно деноноќие имаме и 77 нови заразени од Ковид - 19. 

Македонија со месеци се бори со опасниот вирусот, кој однесе и млади животи. 

Слично

Поврзани вести