Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРОЈКАТА ДОСТИГНА БЛИЗУ ДО 1.400 НИЗ МАКЕДОНИЈА - само вчера во болница се примени 70 заразени од ковид во тешка состојба

БРОЈКАТА ДОСТИГНА БЛИЗУ ДО 1.400 НИЗ МАКЕДОНИЈА - само вчера во болница се примени 70 заразени од ковид во тешка состојба

Близу 1.400 се искачи бројката на пациенти кои поради компликации од ковид 19 се лекуваат низ болниците во земјава, односно во главниот град, како и низ болниците во другите градови.

Само во последното деноноќие имало 70 нови хоспитализации, а двојно помалку, односно 33 оздравени се пуштени на домашно лекување, но надлежните тврдат дека и покрај овој раст на приемите во болница, слободни кревети се уште има. 

МЗ соопшти дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 70 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Само на инфективните оддели во главниот град се лекуваат вкупно 569 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19.  

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 48 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало тројца примени пациенти, а двајца биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 16 нови пациенти и 2 деца се хоспитализирани на Клиниката за Детски болести во Скопје.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 33 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 277 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 117 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 лица. На Клиниката за Детски болести има 27 пациенти позитивни на ковид 19 вирусот и 10 на ГАК .

Вкупно 569 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 823 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 82 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 65 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 74 болни, а во Куманово 124 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 94 пациенти, во Прилеп 117, во ковид центарот во Гостивар 35, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 62 пациенти, во Кочани 15 во Кичево 11, Кавадарци 65, а во Гевгелија 25 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.392 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите, потенцираат од МЗ.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има  увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Слично

Поврзани вести