Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бројчаникот ставен по сите процедури, уште се „крие“ колку го платил Заев

Бројчаникот ставен по сите процедури, уште се „крие“ колку го платил Заев

Бројчаникот кој стои ама уште не брои е поставен согласно сите процедури.

Ова денеска го потврди портпароо на Владата Миле Бошњаковски кои кажа дека биле запазени сите процедури.

Тој посочи дека премиерот како обичен граѓанин ппобарал согласност за поставување на електронски екран и оти истиот е набавен лично од него. 

„Се разбира дека имало постапка, процедура и документацијата е комплетна од доставувањето на барањето, одобрувањето и поставувањето. Како што е веќе информирана јавноста, ќе бидат објавувани финансиските средства кои ќе бидат враќани во Буџетот на Република Македонија, од судските процеси кои се во тек“, вели Бошњаковски.

Допрва медиумите ќе дознаат колку навистина чини бројчаникот, иако дел објавија сума од 7 000 евра.

Слично

Поврзани вести