Бројчаникот наскоро ќе врти, еве кога ќе знаеме колку пари се вратени
Ексклузивно Фактор дознава дека бројчаникот на Трифумфалната капија ќе го поставуваат в четврток.
Ова е реализација на ветувањето кое го даде премиерот Зоран Заев во кампањата, но и потоа во неколку наврати вети дека тој ќе биде поставен.
Пред да стане премиер, Заев рече дека има план за враќање на сите народни пари. Вети дека кога ќе дојде на власт СДСМ, ќе изгради споменик на кој ќе се покажува колку народни пари се вратени во буџетот.„Тоа е доказот дека сè што е украдено ќе се врати во оваа држава. Јас верувам дека има можности за да се соберат докази и за да се врати голем процент од она што е украдено“- изјави тогаш Заев.
Ваков сличен бројчаник има во Њујорк, во близина на Тајмс сквер, но и интернет страница на која се одбројува националниот долг на САД.
Слично
