Бројачот на пари не бил на Али Ахмети, туку на косовски бизнисмен
Извори блиски до ДУИ реагираат на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во кое се споменува дека партискиот лидер Али Ахмети во 2018 се фотографирал во својот кабинет, а при тоа до неговото биро имало бројач на пари.

Реакциите кои пристигнаа до „Фактор“ велат дека тоа не е канцеларијата на претседателот на ДУИ, туку дека Ахмети е гостин кај косовскиот бизнисмен Исмет Сулејмани, сопственик на фирмата „Ватан“.

„Интегративците“ реагираат дека Ахмети уште тогаш ја демантирал оваа информација.
Слично
