Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРОЈ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА ПОВРЕДЕНИТЕ ДЕЦА КОИ СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО - патувањето и сместувањето ќе ги организира Владата

БРОЈ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА ПОВРЕДЕНИТЕ ДЕЦА КОИ СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО - патувањето и сместувањето ќе ги организира Владата

Семејствата чии деца се повредени во сташниот пожар во Кочани и кои се испратени на лекување во странство за помош за патување и сместување во градот каде се лекува нивното дете треба да се јават на 070/270-370. 

Ова е број кој го објави Владата со цел полесна и побрза комуникација со сите засегнати родители на повредените. 

Како што посочи портпаролката на Владата, Марија Митева семејствата не треба да се грижат за логистика или финансиски оптоварувања кога им се најпотребни на нивните најблиски, поради што владата ќе ја преземе одговорноста за покривање на трошоците за транспорт и сместување, обезбедувајќи семејствата да бидат покрај своите најблиски.

- За да го олесниме овој процес, објавен е број за контакт каде ги повикуваме членовите на семејството да ги контактираат за сите потребни детали и координација. Ги повикуваме сите семејства да ја користат оваа линија за да можеме ефикасно да ја организираме поддршката што им е потребна - укажа Митева. 

Денеска треба да се одржи седница на која ќе биде потврдена Одлуката за покривање на трошоците на двајца членови од семејствата на пациентите кои ќе бидат згрижени во болници надвор од државава.

Прмеиерот Христијан Мицкоски апелираше секој што бил во периметарот на ужасниот настан да се јави на доктор, независно дали чувствува проблеми или не.

- Како Влада правиме се што можеме за да спасиме човечки животи. Голем дел, повеќе од 70, 80 пациенти се надвор од државата. Денеска и министерот за надворешни работи и надворешна трговија и министерот за здравство се во Солун и од таму одат во Софија да ги посетат дел од згрижените пациенти. За час и половина имаме седница на Владата, ќе ја потврдиме одлуката да ги покриеме трошоците на двајца членови од семејството за да појдат онаму каде што се згрижени пациентите и превоз и сместување - кажа Мицкоски по посетата на пациентите.

Претходно, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски кој беше заедно со Мицкоски во ГОБ „8 Септември“, рече дека од денеска пациенти ќе се испраќаат и во Италија, Холандија и Белгија зашто капацитетите во соседството се веќе пополнет. 

Слично

Поврзани вести