Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРОИМЕ СИТНО: Кога ќе се случи реконструкцијата на Владата?

БРОИМЕ СИТНО: Кога ќе се случи реконструкцијата на Владата?

До крајот на неделава ќе има појасна слика за реконструкцијата на Владата.

Генералниот секретар на СДСМ и министер за земјоделство, Љупчо Николовски вели дека во тек се консултациите на премиерот Зоран Заев со коалициските партнери.

Тој очекува дека во наредните денови ќе има повеќе информации во однос на реконструкцијата на Владата со која тој ќе се повлече од министерската функција.

„Сите кадровски преструктуирања односно зголемувањето на потенцијалот на капацитетите продолжува на сите нивоа и партиски и на ниво на Влада, и не само на министерско, туку и во останатите ешалони. Паралелно се одвиваат сите  активности, но очекувам дека претседателот на Владата ќе ја информира јавноста во текот на следните денови за исходот од првичните одлуки за реконструкцијата на Владата“, изјави Николовски. 

Најави дека целосно ќе се адаптираат на потребите, сигналите и пораките што ги пратија граѓаните во изминатиот период. 

Веќе извесно време се зборува за реконструкцијата на Владата, односно операцијата „метла“ како што ја нарече премиерот Зоран Заев. 

Оние функционери кои не покажале резултати ќе мора да си заминат од позициите. 

Вчера Заев им порача на министрите и директорите да си проверат во фиоките и оние предмети кои не им се завршени да ги завршат. 

Слично

Поврзани вести