БРО ГИ ИЗБРИША СКАНДАЛОЗНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ ОД ВЕБ СТРАНАТА - Не биле учебници, туку наставни материјали
По бурните реакции на социјалните мрежи, но и по објавите во медиумите за скандалозните работни ливчиња по предметото „Образовение за животни вештини“ наменети за средношколците, Бирото за развој на образованието (БРО) го избриша материјалот од својата веб страна.
Претходно, како што објавивме, материјалите можеа да се најдат на нивната веб страна, но сега нив ги нема.
Како што објавивме со фотографии, на овие наставни ливчиња кои биле предвидени за деца во средните училишта има специфични прашања кои можаат да ги доведат во конфузија младите, но и кои според родителите имаат агенда.
- „Што мислите дека ја предизвикало вашата хетеросексуалност?“, „Дали е можно вашата хетеросексуалноста да е само фаза која ќе ја надминета“ „Ако хетеросексуалноста е нормална, тогаш зошто толку многу хетеросексуалци страдаат од ментални нарушувања?“. Доколку не сте имале сексуален однос со припадник на вашиот пол, дали е, сепак, можно да сте хомосексуалец/ка?. - ова се дел од прашањата кои ги има во овој материјал, за кој многумина прво сметаа дека е учебник, но се утврди дека станува збор за помошен наставен материјал.
Поради овој материјал реагираше и пастирот на Евангелистичката црква Филип Иванов кој на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека прашањата се манипулативно формулирани и насочени кон децата.
- Поради ова, а и еден куп други нешта, апел до вас родителите: обрнете поголемо внимание на своите деца, внимавајте што им се сервира како нормално, бестрашно предизвикајте ги „авторитетиве“ и дајте им до знаење дека нашите деца се наши деца, не ѝ припаѓаат на државата или на родовите идеолози кои сакаат да експериментираат со психата, односно душите на децата и младите.
Неговиот пост исто така предизвика лавина реакции од кои најголем дел се револтирани од обидите да се манипулира со младината. Посебно со тоа што од прашатањата се наметнува став дека хетеросексуалнсота носи само изопаченсот.
Со соопштение се јавија и од БРО, од каде појаснуваат дека не станува збор за учебник, туку за наставен материјал кој не е задолжителен, односно наставниците во средните училишта имаат слобода да изберат кои содржини и соодветно на тоа кои работни листови ќе ги реализираат и во кој период од учебната година со цел да одговорат на потребите на адолесцентите.
„Наставната програма за Образование за животни вештини не се однесува на наставен предмет, туку може да се реализира на часот на класната заедница со учениците од прва до четврта година во сите видови средно образование (гимназиско образование, уметничко образование и средно стручно образование). Во програмите за средно образование (од прва до четврта година), во темата Здраво живеење има разработено содржини, цели и активности кои се однесуваат на сексуалното здравје. Со оглед на тоа дека Прирачникот (како и работните листови) и наставната програма за образование за животни вештини се изработени пред една деценија, истите ќе бидат предмет на ревизија во наредниот период кога се планира реформа на средното образование согласно нов Закон за средно образование. Имајќи ја предвид, брзината со која се шират сензационалистички и лажни вести на социјалните мрежи, повторно апелираме до граѓаните, а особено до родителите и младите да ги земат со голема доза на претпазливост и да ги проверуваат сите информации што се споделуваат во врска со образованието на младите, а коишто не се официјално потврдени од надлежните институции“, се вели во реакцијата.
Фото: Принтскрин/БРО/Фесјбук
