Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брнс: Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото

Брнс: Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото

Aмериканската амбасадорка во Скопје, Кејт Брнс на Твитер споделувајќи го статусот на еврокомесарот Јоханес Хан за случајот „Рекет, порача дека сега е време Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото. 

„Како што рековме претходно, ова се сериозни обвиненија за кои е потребен сериозен одговор, кој ќе биде темелен, транспарентен и навремен. Сега е време Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото“, пишува амбасадорката на Твитер.

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан вчера, исто така на Твитер, порача дека борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи.

Слично

Поврзани вести