Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брн: Нема гаранции на патот кон Eвропската Унија

Брн: Нема гаранции на патот кон Eвропската Унија

Нема гаранции на патот кон Eвропската Унија(ЕУ), a францускиот предлог треба да се спроведе, изјави денеска Томас Брн, ирскиот министер за европски прашања и одбрана, за време на официјалната посета на Скопје.

Како иден претседавач со Унијата, Брн најави дека проширувањето ќе биде еден од приоритетите на Ирска, а целта ќе биде преговорите на Македонија да бидат правични.

Рече дека македонскиот јазик е признаен од ЕУ и ќе има ист статус како ирскиот, францускиот или германскиот. 

„Не можам да давам никакви гаранции во животот, освен тоа дека ќе работам секојдневно за да го олеснам вашето пристапување врз основа на залуги во Европската Унија. Така ќе прават и сите други земји-членки на ЕУ. Ние цврсто веруваме дека договорот кој што беше направен пред три години, кога ќе биде имплементиран од македонска страна, со тоа ќе се отвори преговарачкиот процес. Нема друг изговор, според мене. Така ќе се отворат преговорите, мора да се отворат“, рече Брн. 

Орхан Муртезани,  министерот за европски прашања  порача дека мора да градиме заеднички позиции како соседи, бидејки цело време се повикуваме на Копенхашките критериуми. 

„Првиот услов е добрососедските односи и за нас и за Бугарија. Ова што ние го правиме, сите посети на министрите за европски прашања и министрите за надворени работи е да апелираме на сите наши грижи, а не да спремаме терен на репреговарање на тоа што е преговарано. Но, да најдеме начин, да има нашиот процес крај“, рече тој. 

Лани Албанија ги почна преговорите, а Македонија остана во чекалната. 

фото Фејсбук/Орхан Муртезани

Слично

Поврзани вести