Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британска амбасада: Со Македонија соработуваме за борба против нерегуларната миграција

Британска амбасада: Со Македонија соработуваме за борба против нерегуларната миграција

Британската амбасада во Македонија преку социјалните мрежи соопшти дека по средбата меѓу премиерите Стармер и Мицкоски во мај, Велика Британија и Македонија воспоставиле Стратешко партнерство фокусирано на долгорочна политичка, економска и безбедносна рамка дизајнирана да ја продлабочи соработката и да ја зајакне стабилноста и просперитетот во двете земји. 

„Како дел од ова, земјите потпишаа партнерство меѓу влади за реализација на критични инфраструктурни проекти во Македонија. Оваа соработка беше зајакната и од двајцата премиери на Берлинскиот процес што Велика Британија се одржа во октомври оваа година. Дополнително, двете земји соработуваат преку Заедничката работна група за миграција за борба против нерегуларната миграција и организираниот имиграциски криминал, зајакнување на безбедноста и справување со криминалните мрежи. Ние стоиме цврсто зад нашиот сојузник во НАТО за да го унапредиме просперитетот, безбедноста и економскиот раст“, велат од Амбасадата.

Претходно, британски „Тајмс“ објави вест дека Македонија и Британија преговараат за преземање мигранти кои во земјава би имале и дозвола за работа, а за тоа Македонија да доива пари од Лондон, но беше веднаш негирано од владејачка ВМРО-ДПМНЕ.

Амбасадата во својата изјава не ги споменува објавите на „Тајмс“ и не дава конкретни ставови на нивните детални наоди за тоа каков договор се подготвува меѓу британската и македонската влада за мигранти.

Слично

Поврзани вести