Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Британија донираше вреќи за спиење за македонската армија

(ФОТО) Британија донираше вреќи за спиење за македонската армија

Британија денеска донираше за македонската армија најсовремени системи за преноќување на отворено. 

Станува збор за вреќи за спиење за сите сезони, индивидуални шатори за набљудување и за снајперисти. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј, денеска во касарната во Ѓорче Петров присуствуваа на примопредавањето на британската донација од системи за преноќување кои се изработени според најнова технологија, а се наменети за Лесната пешадиска баталјонска група.

„Системите за преноќување се обезбедени како поддршка од Велика Британија и тоа преку НАТО агенцијата за јавни набавки. Ова ни беше шанса да добиеме опрема за која што навистина Армијата има потреба, но исто така да видиме како функционира НАТО системот преку Агенцијата за јавни набавки. Во текот на летото, законите беа променети и отсега веќе и ние како Армија ќе може да вршиме набавки преку НАТО агенцијата. Ова беше шанса со средства од Обединетото Кралство да добиеме опрема со која што нашата Лесна пешадиска баталјонска група ќе може да логорува, да преноќува во секакви услови – од летни до зимски, со опрема која што е од највисок квалитет која што ја користат и други НАТО земји“, информираше министерката.



Амбасадорката Галовеј изрази задоволство што Обединетото Кралство донира исклучително важна опрема за Лесната пешадиска баталјонска група, опрема за која рече дека е една од најдобрите во земјите – членки на НАТО. „Оваа опрема ќе им овозможи на пешадиските сили да дејствуваат во мисиите на НАТО, во експедициски операции, во сите временски услови“, рече амбасадорката и порача дека одбранбената соработка продолжува да се реализира со силно темпо и во иднина.

„Во моментов работиме со Министерството за одбрана на развој на нашите билатерални планови за 2022 и 2023 година. Во рамките на досегашните области на соработка, ние ќе понудиме дополнителна експертиза во рамките на пешадиските единици, обуки во Велика Британија, советување во делот на одбраната, а ќе разгледаме и дополнителни можности за донации како оваа која ја предаваме денеска“, рече Галовеј.



Слично

Поврзани вести