Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британците од понеделник ќе не пуштат без 10-дневен карантин

Британците од понеделник ќе не пуштат без 10-дневен карантин

Македонија се најде на објавениот список со 47 земји објавен од британската влада, чии граѓани нема да мора да поминат 10 дена во карантин по пристигнувањето ниту, пак, да прават две тестирања во тој период.

Тоа значи дека македонските граѓани од понеделник ќе можат да патуваат во Велика Британија без да мора да поминат 10 дена во карантин при влез во земјата и без да прават две тестирања во тој период.

„Ако пристигнете во Англија пред тој датум, мора да ги следите правилата за луѓе што не се целосно вакцинирани. Ако пристигнете потоа, можете да користите сертификат за вакцина за да го докажете статусот за вакцинација“, се вели во новите правила за патување што ги објави британската влада.

Покрај Македонија, на листата се и Црна Гора, Авганистан, Мексико, Јужна Африка, Аргентина, Боливија, Бразил, а не се најдоа такви како Панама, Колумбија, Венецуела, Перу, Еквадор, Хаити и Доминиканската Република.

Инаку досега патниците од земјите кои се опфатени со олеснувањето можеа да патуваат во Велика Британија, но беа означени како нецелосно вакцинирани и мораа да платат две тестирања за ковид-19 на вториот и осмиот ден од пристигнувањето и да бидат во карантин од 10 дена.

Во Британија се признаени вакцините на „Астра Зенека“, „Фајзер“, „Модерна“.


Слично

Поврзани вести