Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британци во Скопје украле такси возило, па удриле во банкина

Британци во Скопје украле такси возило, па удриле во банкина

Тинејџери од Велика Британија направиле хаос во Скопје. Одзеле такси возило, па удриле во банкина. 

Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба денеска во 05:45 часот на ул.„Методија Андонов Ченто“,  ги уапсиле Х.М.(18), Д.М.(19), Л.Б.(19) и К.П.(18), сите од Велика Британија. Околу 01:50 часот тие одзеле такси возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки од Џ.М.(39) од Скопје, по што со возилото удриле во банкина на подрачје на Гази Баба. Приведени се во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слично

Поврзани вести