Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бриселски Политико објави каков компромис очекува Бугарија

Бриселски Политико објави каков компромис очекува Бугарија

Софија да признае македонски јазик и идентитет, a Скопје - бугарски темели на јазикот и идентитетот, пишува бриселски Политико повикувајќи се на дипломатски извор. 

Весникот кусо објави дека на вчерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ во Брисел наводно е постигнат некаков, како што се нарекува „бугарски компромис“, којшто ќе овозможи да почне првата Меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Македонија. 

Весникот наведува и дека Бугарија се согласила на тој „компромис“.

„Што има во договорот? ‘Бугарија ќе го признае македонскиот како еден од официјалните јазици и ќе го признае македонскиот идентитет. За возврат, Северна Македонија ќе треба да ја признае ‘историската вистина’, како што е дефинирана од Софија, и да признае дека има бугарски темели врз кои е создаден каков било македонски идентитет и официјален јазик“, пишува Политико.

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите кои доаѓаат од Бугарија. 

Не ни е целта да ја блокираме, напротив 30 години сме и помагале на Македонија, изјави вчера шефицата на дипломатијата на Бугарија, Екатерина Захариева. 

Таа за БГНЕС вели дека Договорот за пријателство меѓу Бугарија и Македонија ги има сите гаранции да се применува во добра волја и од двете страни. 

Потсети дека на седницата на 10 ноември на Советот за заеднички работи треба да се одобри Преговарачката рамка, но тоа, според неа, не е конечен датум.

Слично

Поврзани вести