Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брисел загрижен за реториката, да не се врши притисок врз ДИК

Брисел загрижен за реториката, да не се врши притисок врз ДИК

Брисел е загрижен за реториката во Македонија. 

Европската комисија денеска повика да не се врши притисок врз Државната изборна комисија(ДИК) и судството.

„Загрижени сме поради тензиите во последните неколку дена, како и поради негативната реторика. Комисијата ги повикува сите засегнати страни да се однесуваат одговорно и да придонесат за враќањето на довербата на граѓаните во државните институции и демократските процеси“- изјави портапролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. 

Тензиите се зголемија по обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој пред приврзаниците на неговата партија пред седиштето на ДИК го претстави партискиот проглас. Во прогласот беа обвинети странски амбасадори во Македонија за мешање во внатрешните работи, а Груевски најави и дека нема да се признаваат резултатите од изборите доколку дојде до прегласување.

По протестите пред ДИК и нападите од ВМРО-ДПМНЕ, од Брисел порачуваат дека институциите треба да се остават да работат непречено.

Коцијанчич кажа дека се очекува брзо формирање на новиот состав на парламентот, како и на новата влада кои треба да ги спроведат неопходните реформи за решавање на системските прашања во поглед на владеењето на правото, како и претходните политички договори, а Брисел ќе продолжи да ја поддржува земјата во интегративниот процес.


Слично

Поврзани вести