Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брисел предложи преговарачка рамка, Македонија се поблиску до почеток на преговорите

Брисел предложи преговарачка рамка, Македонија се поблиску до почеток на преговорите

Брисел ја подготви преговарачката рамка за Македонија со Европската унија, што најверојатно значи паѓаат во вода стравувањата дека Бугарија ќе го закочи предвидениот старт на преговорите, односно одржувањето на првата меѓувладина конференција до крајот на годината. Билатералните прашања меѓу Софија и Скопје не се вметнати во предлог-преговарaчката рамка

Како што објави Радио слободна европа, јазикот останува македонски, а добросоедските односи ќе останат на својата суштина за проширувањето на ЕУ. Во преговарачката рамка ги нема барањата на Бугарија за дефинирање на македонската нација и македонскиот јазик.

Документот ќе се најде в петок пред постојаните претставници на ЕУ во Брисел. Јазикот се именува како македонски и нема рок за решавање на прашањата од Договорот за добрососедство со Бугарија, туку се вели дека договорот треба да се спроведува „со добра волја“.

За преговарачката рамка требаше да се разговара во средата, но состанокот беше одложен за утре. Изминатиот период комуникацијата со посредство на Германија, која претседава со ЕУ, беше интензивна.

Канцеларката Ангела Меркел имаше телефонски разговори со премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов, а јавување имаше и на ниво на претседатели помеѓу Франк Волтер Штајнмајер и Стево Пендаровски. Во Берлин посредуваа министрите Михаел Рот и Хајко Мас помеѓу Никола Димитров и Бујар Османи од една и Екатерина Захариева од друга страна.



Слично

Поврзани вести