Брисел попушти за Јужен тек?
Европската Комисија и Русија ќе бараат заедничко решение за гасоводот Јужен тек, без ревизија на меѓудржавните спогодби со земјите низ кои минува овој енергетски проект јавуваат руските медиуми, повикувајќи се на информации потврдени од претставници на руското Министерство за енергетика и европскиот комесар за енергетика Гинтер Отингер.
„Москва и Брисел ќе пронајдат начин да се почитуваат претходните меѓувладини спогодби што „Газпром“ ги постигна со земјите на трасата“, изјавил Отингер за рускиот весник „Ведомости“. ТВ каналот „Russia Today“ објавува текст со наслов „ЕУ дала прелиминарно ОK за Јужен тек“.
Русија и ЕУ на 17-ти јануари се договорија да формираат работна група за решавање на техничките и правните прашања во врска со проектот Јужен тек, гасоводот кој треба да задоволи 15% од потребите за гас на Европа до 2018-та година.
Претходно, Брисел бараше преиспитување на билатералните договори за изградба на гасоводот што Русија ги потпиша со трети земји, меѓу кои и Македонија, со образложение дека тие се во спротивност со Третата рамковна програма за енергетика на Унијата.
Слично
