Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брилијантни цитати од најголемиот инвеститор на сите времиња

Брилијантни цитати од најголемиот инвеститор на сите времиња

Ворен Бафет е еден од најуспешните инвеститори во историјата. Тој има проценета нето вредност од речиси 77 милијарди долари, што го прави четвртиот најбогат човек во светот.

По повод неговиот 87-ти роденден на 30 август, Бизнис инсајдер составив некои од неговите најдобри цитати кои ќе ве одведат во неговата глава.

-Секогаш знајте со кого имате работа.

„Секогаш може да направите добар „дил“ (договор) со лош човек.

-Изберете ја вистинската толпа.

*Подобро e да се среќаваш со луѓето подобри од тебе. Изберете соработници чие однесување е подобро од твоето и ќе се пренасочите во таа насока.

-Некои работи одземаат време.

*Без оглед на тоа колку е голем талентот или напорот, некои работи одземаат време.

Не можете да направите бебе за еден месец со добивање на девет бремени жени.

-Дејствувај искрено.

*Ќе ви требаат 20 години за да изградите репутација и 5 минути за да ја урнете.

Ако мислите на тоа ќе дејствувате поинаку.

-Ако сакате да бидете успешни, направете го читањето навика.

*Јас само седнувам во канцеларија, и читам цел ден.

-Лошите работи не се очигледни кога времето е добро.

*Впрочем, ќе дознаете кој плива гол само кога плимата ќе исчезне

-Не комплицирајте.

*Не е потребно да правите невообичаени работи за да постигнете невообичаен резултат.

-Успехот не е одреден од цената или бројот.

*Го мерам успехот по тоа колку луѓето ме сакаат.

-Не заборавајте на основните работи во бизнисот.

*Цена е она што го плаќаш, вредност е она што го добиваш.

Слично

Поврзани вести