Брглез: Maкедонија да направи похрабар чекор во ЕУ интеграциите
Република Словенија го поддржува патотот на Република Македонија во евроаталнските интеграции, но за жал постојат чинители кои ги забавуваат тие процеси, изјави претседател на Државниот збор на Република Словенија, Милан Брглез, кој денеска се обрати пред пратениците во Собранието.
Според него, клучен фактор во зaбавувањето на процесите е расколот во ЕУ помеѓу исток и запад.
„Тоа е потенијално побитно од излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Иднината на ЕУ е она за што во овој миг во рамки на Европа треба да се дискутира, а таа иднина ја вклучува и Република Македонија“ – вели Брглез.
За Македонија вели дека е неопходно во овој момент да направи похрабар чекор во правецот на ЕУ интеграциите.
„Меѓу двете земји нема отворени прашања, а и кога сме ги имале се решавале брзо и конструктивно. Но, Република Македонија и Република Словенија имаат отворени прашања со своите соседи. Заедничка особина ни е поделеноста во општеството на два пола. Но, за мене е важно тоа што без оглед што сме различни во едно општество, треба да работиме за заедничко добро за сите граѓани. Нашите разлики не смеат да бидат препрека, туку можат да бидат предност“ – порача тој.
Со собранискиот претседател, Талат Џафери зборувале и за придонесот на Македонија во справување со мигрантската криза.
Тој ќе оствари средби во претседателите и членовите на комисиите за надворешна политика и европски прашања, а потоа ќе има средби и со премиерот, Зоран Заев и претедателот, Ѓорге Иванов.
