БРАЗИЛ, СРБИЈА, КИНА, ГЕРМАНИЈА, РОМАНИЈА, ИЗРАЕЛ, ПОЛСКА: Koи ќе бидат новите амбасадори?
Нови амбасадори ќе имаме во повеќе земји. Идната недела, пред собраниската Комисија за надворешна политика овие седум кандидати за амбасадори ќе ги презентираат своите проекти и планови за идните дипломатските активности со што ќе се финализира постапката пред нивното заминување во амбасадите.
Нов амбасадор на Македонија во Бразил ќе биде Игор Попов, дипломат од кариера. Професорот Никола Тупачевски, поранешен министер за правда заминува во Белград, а драматургот и писател Сашко Насев во Кина.
На листата на нови македонски амбасадори се и имињата на Илбер Села, директорот на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните кој ќе замине во Берлин, а поранешниот градоначалник Андреј Жерновски ќе биде амбасадор во Букурешт.
Во Израел и Полска амбасадори ќе бидат Шпенд Садики и Јасмин Ќахил, двајцата вработени во МНР.
Слично
