Браво за обвинителот Јовески! Отворен предмет за затајување данок со увоз на црвена нафта
Кратко време по изборот на прв човек на Јавното обвинителство, скопското Основно обвинителство го слушна јавниот глас и покрена постапка за да утврди дали имало даночно затајување при декларирање на дизел гориво како црвена нафта т.е. нафта за домаќинство! За нас од „Фактор“ ова е голем чекор зашто повеќе пати повикуваме на превземање мерки согласно со член 272 од Законикот за кривична постапка за третманот на допрен глас однпсно проверка на јавно изнесени изјави во врска проблеми со увоз на нафтени деривати
Основното јавно обвинителство Скопје покрена предистражна постапка во која работи на можно затајување данок при увоз на нафтени деривати. Ова е најнова вест што ја дистрибуираше прес службата на Јавното обвинителство. Сомнението се однесува на увоз на дизел гориво што било декларирано како нафта за домаќинството.
Обвинението е покренато врз основа на допрен глас, кој беше изнесен јавно на прес конференција од Андреја Јосифовски, претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“. За ова прашање редакцијата „Фактор“ пишува и повикува во неколку наврати од септември лани до средината на јануари годинава.
Во целост го пренесуваме Известувањето од Основното јавно обвинителство – Скопје:
„Отворена предистражна постапка за затајување на данок при увоз на гориво
Скопје, 25 Јануари 2018
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас во врска со злоупотреба и затајување на данок при увоз на дизел гориво.Предистражната постапка е започната поради постоење на сомнение дека се увезувала стока декларирана како нафта за домаќинство, а всушност се увезувало дизел гориво при што е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема дејствија за утврдување на фактите.“
Повеќе на оваа тема може да прочитате на следниов линк:
Р.Ф.