Економија, финансии, бизнис

Контакт

Братот на починатата Ивана откри дека Стојанче од неа барал 30.000 евра

Братот на починатата Ивана откри дека Стојанче од неа барал 30.000 евра

Братот на починатата Ивана, Александар Стојановски денеска на суд кажа дека таа била жртва на уцени, физичко насилство и имотен грабеж. Како виновник за ваквата состојба го посочи нејзиниот сопруг Стојанче Јовановски. 

Рече дека Ивана живеела во страв дека сопругот фалсификувал документи за да ѝ го преземе станот.

„Ивана ни кажа дека Стојанче ѝ се заканувал дека ќе ѝ го земе станот и ѝ барал 30.000 евра за да си оди. Таа не се враќаше кај него доброволно, туку поради страв за сопствениот живот и за безбедноста на 6-годишната Катја. Беше изолирана од пријателите и под постојан надзор“, сведочеше Александар.

Училиштето било информирано за семејното насилство во домот на првачето Катја уште на почетокот на учебната година - сведочеше нејзината наставничка на денешното судско рочиште во Основниот кривичен суд. Таа детално го опиша однесувањето на Катја, контактите со мајка ѝ Ивана и таткото Стојанче, како и настаните што му претходеле на 2 март, денот кога мајката Ивана се самоуби заедно со шестгодишната ќерка Катја скокајќи од стан во скопската населба Тафталиџе. 

фото МИА

Слично

Поврзани вести