Братот на „Ел Чека“ на протести во Тетово
Братот на Ел Чека, Блерим Ахмети, тврди дека демонстранти против владиниот клоалционен партнер ДУИ бо Тетово се пристигнати и од други градови како Кичево, Куманово и Струга.
"Добивме информации дека многу луѓе од Кичево, Куманово, Струга биле задржани од полицијата и во полициската станица во Тетово, а биле блокирани на неколку места и не можеа да дојдат. Полицаец ми рече „Кој си ти од Кичево да организирате протест во Тетово? ", изјави Ахмети.
Инаку, овој протест беше инициран од лицето Ел Чека, кое неодамна на социјалната мрежа "Фејзбук" ги објави т.н. "прислушкувачки материјали" со разговори на членовите на владејачката албанска политичка партија.
Слично
