Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРАТ ЉУБЕ ПОГРЕШНО ПРОТОЛКУВА: Мијалков не сака и нема зошто да му се извини

БРАТ ЉУБЕ ПОГРЕШНО ПРОТОЛКУВА: Мијалков не сака и  нема зошто да му се извини

Прашање на култура и на бон-тон е поздравување кога ќе поминете покрај некого што го познавате. Доколку некој ги прескокнал овие фази од воспитувањето, тоа е негов личен хендикеп. Не сум му се извинил на Љубе Бошкоски ниту има причина за извинување. Институциите си постапуваа по обвиненијата за криминалот што го имаше сторено и колку што следам, тој процес е затворен со докази, кажа Сашо Мијалков во екот на средбата со Бошкоски.

– Демохристијанските вредности налагаат да се извини тој што лажел и клеветел заради некаква корист. Во духот на овие вредности јас го прифатив извинувањето што Љубе Бошкоски ми го упати пред повеќе од шест години и се надевам дека во иднина ќе внимава и нема да изнесува лаги во јавноста – додаде Мијалков.

Сашо Мијалков и Љубе Бошкоски утрово се сретнаа во судницата во Кривичниот суд во Скопје каде требаше да почне судењето за предметот „Тортура“ за начинот на кој беше апсен Бошкоски по изборите во 2011 година. 



Слично

Поврзани вести