Економија, финансии, бизнис

Контакт

Браос бе фејк левичари, со сите играте; Лажен борец за правда - Апасиев и СДСМ распалија

Браос бе фејк левичари, со сите играте; Лажен борец за правда - Апасиев и СДСМ распалија

Димитар Апасиев лидерот на Левица реагираше попладнево со статус на фејсбук откако утрово СДСМ испрати соопштение во кое го нарече лажен борец за социјална правда. 

„Мијалков ми ја купи(л) Алфата. Конески - станот. Катица Јанева - викендицата. Русите - нивата и лозјето. Јенките - ништо! Заев - куќата на прадедо ми. Грујо ни ја напраи Левица (Заев ни ја досуди).

Во пост скриптум пишува:

p.s. Браос бе фејк-левичари, со сите играте и само Win-Win рокат

Од СДСМ утрово тврдеа дека Димитар Апасиев девет месеци е пратеник во Собранието и за целиот тој период нема поднесено ниту еден амандман ниту пак закон во интерес на работниците и работничките права, во интерес на граѓаните.

„Како продолжена рака на Христијан Мицкоски, исто како пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Апасиев и Крмов кочат закони важни за граѓаните. Лажниот левичар Апасиев го немаше никаде кога ВМРО-ДПМНЕ ги кочеше законите за петтиот и шестиот пакет мерки помош за граѓаните, го нема никаде кога се кочи најкапиталната инвестиција во македонското јавно здравство, Клинички центар. Толку од грижата за граѓаните, за работниците од страна на фејк левичарот Апасиев и неговата партија. Левица е производ на ВМРО-ДПМНЕ и очигледно работат координирано на штета на граѓаните, стои во соопштението на СДСМ.



Слично

Поврзани вести