Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бранко Црвенковски за враќање на старите дресови на фудбалската репрезентација

Бранко Црвенковски за враќање на старите дресови на фудбалската репрезентација

Поранешниот премиер и претседател на Македонија, Бранко Црвенковски, е за враќање на стариот дрес на македонската фудбалска репрезентација за настап на Европското првенство во Букурешт, барем според она што е споделено на неговиот Фејсбук профил.

До сега Црвенковски не се произнесол за овој профил, кој е отворен на Фејсбук веднаш по најавите дека ќе се активира во политиката, а на истиот во изминатиот период беа споделувани само негови фотографии и видеа од говори.

Овој пат беше споделена фотографијата на капитенот на македонскиот национален тим Горан Пандев како гест дека треба да се вратат старите дресови.

Главниот дрес на македонската репрезентација ќе биде во бордо боја, а резервните гарнитури се во црна и бела.

Слично

Поврзани вести