Бранко Црвенковски со фотографија од Кичево каде што вчера победи македонскиот кандидат
Поранешниот премиер,претседател и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, повторно се најде на фотографија на социјалните мрежи за време на локалните избори, овој пат во Кичево., каде што по подолго време победата ја однесе македонски кандидат - Александар Јованоvски.
Фотографијата е објавена од Горан Карафилоски, истакнат активист на СДСМ од Кичево. Тој е бивш секретар на општинската органзиација на СДСМ Кичево и директор на едно училиште.
Карафилоски на Фејсбук објави фотографија на која Бранко Црвенковски седи со сопартијци од Кичево, за кои вели дека активно работеле Македонец да победи на изборите во градот и да се стави крај на раскалашната власт на ДУИ.
Претходно Црвенковски имаше заеднички фотографии со функционери на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во Охрид.
