Бранко Црвенковски по долго време се појави на настан во регионот
По долго отсуство, поранешниот македонски премиер и претседател, Бранко Црвенковски се појави на политички настан во Подгорица.
Црвенковски, првпат откако е поранешен претседател на РМ се појави во јавност на политички настан, објави Ако.мк.
Тој е дел од новоформираниот Подгорички клуб, во кој членуваат поранешни премиери и претседатели од регионот. Овој клуб е формиран за да понуди визија за Западен Балкан, како заедничка стратегија за интеграција во ЕУ.
Основачи на клубот се поранешните претседатели на Црна Гора, Македонија и Словенија, Филип Вујановиќ, Бранко Црвенковски и Данило Тирк, поранешниот претседавачки член на Босна и Херцеговина, Златко Лугумџија, како и поранешните премиери на Хрватска и на Србија, Јадранка Косор и Мирко Цветковиќ.
