Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бранко Црвенковски не дојде пред Влада

Бранко Црвенковски не дојде пред Влада


Поранешниот премиер и претседател на Македонија, Бранко Црвенковски, не дојде на свечената церемонија на кревање на знамето на НАТО пред платото на Владата при што свечен говор одржа и владиниот шеф Зоран Заев.

Столчето кое беше наменето за поранешниот лидер на СДСМ останало празно, објави Телма.

Не присуствуваше ниту претседателот на Македонија во заминување, Ѓорѓе Иванов, а од неговиот кабинет соопштиче дека шефот на државата не бил поканет на денешната церемонија.

Не беа присутни и од раководството на опозициската ВМРО ДПМНЕ. 


Слично

Поврзани вести