Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бранко Црвенковски на ручек со Пецаков и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, се сликал и со Ѓоргоска од ЗНАМ

Бранко Црвенковски на ручек со Пецаков и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, се сликал и со Ѓоргоска од ЗНАМ

Редакцијата на Инфомакс објави фотографија за која тврди дека е направена од вчера попладне на која може да се види дека на заедничка дружба во ресторан во Охрид се поранешниот премиер и претседател, Бранко Црвенковски, понатаму охридскиот градоначалник , Кирил Пецаков, како и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од овој град Саше Донев.

Вечерата се одвивала, како што тврди редакцијата, во еден познат охридски ресторан, а четвртото лице било сопственик на Пупе компани од Охрид. Црвенковски подолго време не е активен на политичката сцена во официјален карактер.

Претходно некои медиуми веќе известиле дека поранешниот претседател на СДСМ веќе еднаш се сретнал со Пецаков, кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и повторно е кандидат 

Вчера истовремено и Марина Ѓоргоска, која ја предводи Советничката листа од ЗНАМ Охрид, објави заедничка фотографија со Црвенковски.

„Cо најдобриот и посебен лидер , кафе во најубавиот Охрид“, напиша Ѓоргоска на социјалните мрежи.


Слично

Поврзани вести