Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бранка Костиќ-Марковиќ доби функција во новиот УО на Македонска филхармонија

Бранка Костиќ-Марковиќ доби функција во новиот УО на Македонска филхармонија

Музичкиот критичар Бранка Костиќ Марковиќ е избрана за нов претседател на Управниот одбор на Македонска филхармонија по препорака на овиот в.д. директор Виктор Илиески, а со решение на министерот за култура Роберт Алаѓозовски

Во УО на Македонска филхармонија за нови членови назначени се Фросина Балова, Лада Шоптрајанова-Петровска и Александар Стојчески.

Претседателот и сите членови на новиот Управен одбор се академски музичари со долгогодишен придонес во негувањето, развојот и афирмацијата на македонската музичка уметност во земјава и во странство.

Бранка Костиќ Марковиќ почнала да свири виолина кога имала шест години. Основното и средното музичко образование ги завршила во МБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, а дипломирала на Факултетот за музичка уметност при УКИМ во првата генерација студенти на одделот по етномузикологија. По дипломирањето, ги завршила и последипломските студии и се здобила со титулата магистер по музички науки.


Слично

Поврзани вести