Бране Петрушевски: Се шири гласина дека Мециновиќ ќе го менува Апасиев на чело на Левица
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, му порача на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, дека со пораката Македонци да гласаат за кандидати за градначалници Македонци му прави контра услуга на претставникот на неговата партија за градски татко на Скопје, Амар Мециновиќ.
Според пратеникот од Куманово, се погласни се шпекулациите дека Мециновиќ ќе биде новиот претседател на Левица на местото на Апасиев.
„Димитар Апасиев работи директно на штета на својот сопартиец Амар Мециновиќ.
Последниве денови, Апасиев ја засилува националистичката реторика, повикувајќи „Македонците да гласаат за Македонци“.
Но токму таквата порака најмногу го удира неговиот кандидат за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, кој, патем, е Бошњак.
Прашањето е неизбежно:
дали ова Апасиев го прави свесно, во рамки на внатрепартиска пресметка, поттикната од сè погласните гласини дека Мециновиќ може да го замени на лидерската позиција во Левица?“, прашува Петрушевски на социјалните мрежи.
Слично
