Бране Петрушевски прв пратеник осуден за говор на собраниска говорница
Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека е првиот пратеник осуден за говор од собраниска говорница, откако кумановскиот судија Неџат мемети му одреди казна од 2.500 евра и плус камата како обештетување за пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.
Петрушевски побара од Судскиот совет да го преиспита работењето на судијата Мемети, бидејќи како што рече, тој има имунитет кога станува збор за искажан став од собраниска говорница
- Костовски си ја опишува неговата перцепција и душевна болка, анкциозност, неможност за спиење, покажа некое вештачење. Јас лично не видов дека се повикува на закони, а видов експлицитно дека има клеветеа и навреда во Собрание, рече Петрушевски.
Костовски рече дека покренал тужба откако откако не го добил извинување за кажаното дека има канадски пасош за да не оди в затвор.
- Моето име и презиме, и улога како пратеник треба да остане чиста. Не сакам луѓето да имаат погрешна перцепција за мене врз основа на она што го кажал Петрушевски, наведе Костовски.
Казната за Петрушевски треба да биде потврдена и од Апелација.
