Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бране Петрушевски: Димитар Ковачевски уделот во „Пиксел груп“ го дал на подарок

Бране Петрушевски: Димитар Ковачевски уделот во „Пиксел груп“ го дал на подарок

Пратеникот Бране Петрушевски на денешната сесија за пратенички прашања во Собранието пред премиерот Димитар Ковачевски рече дека тој својот удел во компанијата „Пиксел Груп“ го дал бесплатно, односно на подарок на својот тогашен партнер и косопственик.

Според пратеникот, Ковачевски ова го направил за повторно да се врати во „Пиксел груп“ а во меѓувреме компанијата да добива државна помош.

Ковачевски му врати на Петрушевски дека повлекол средства од уделот и дека пратеникот цел живот е на државни јасли, додека тој придоенсувал за економијата и, како што вели платил огромна сума на пари за даноци.

„Сум го отстапил уделот на тој што останува сопственик, тоа што вие го зборувате за продавање на удел, тоа вашите го имаат правено. Да го кажевте надвор од говорница, ова ќе го докажувате пред суд. 

Сите компании во кои сум бил работеле законски и со работниците секое сабајле сме створале вредности и сме плаќаке даноци, а ти цел живот лежиш на државно. Ако извадам колку даноци сум платил, ќе се засрамиш за ова што го кажуваш“, му порача Ковачевски како одговор.

Петрушевски на ова возврати дека е убеден дека Ковачевски уделот го повлекол без надомест.

Слично

Поврзани вести