Економија, финансии, бизнис

Контакт

„БРАНАМ ПОТПОЛНО НЕВИН ЧОВЕК“: Адвокатот на таткото на Вања за судењето

„БРАНАМ ПОТПОЛНО НЕВИН ЧОВЕК“: Адвокатот на таткото на Вања за судењето

Адвокатот на таткото на Вања, Владимир Туфегџиќ по судењето во изјава за медиумите вели „обвинението се темели токму на доказите кои ги прибавил Александар“.

„- Јас сум доведен во позиција, како што повеќе пати кажав, да бранам потполно невин човек за кој нема апсолутно ниту еден доказ..Јас останувам на тоа дека Александар е жртва. Тој е оштетен во оваа постапка, тврдам дека секој родител кој би му се случила ваква работа, значи би го превземал апсолутно истото што го превземал и тој, односно би одел во насока да води и своја самостална истрага. И на крајот на краиштата сведоци сте дека обвинението се темели токму на доказите кои ги прибавил Александар и тоа со знаење и со согласност на полициските службеници за кои и јас како бранител барам да бидат испитани и да видиме како и на кој начин ја воделе постапката а тврдам и тоа не паушално него врз основа на она на што се темели науката и основните принципи дека ова не е водено онака како што треба. И затоа го имаме денеска тој резултат којшто го имаме по однос на Александар. 


Слично

Поврзани вести