Браковите во слободен пад, бројот на разводи расте: Пандемиската 2020 „контра“ брачните парови
За безмалку 15 отсто се зголемил бројот на разводи во 2020 година во однос на претходната, соопшти Министерството за правда. Намален е и бројот на бракови или ако лани имало 9.200 бракови во 2019 се 13.814.
Низ изминатите 11 години, во просек, годишно се склучувале по 12.650 бракови.
Кај разводите пак, се забележува пораст од 12,8 проценти. Од вкупно 26 Основни судови на територијата на РСМ, за МИА, 23 доставија одговори за правосилни одлуки по основ на развод во надлежност на нивниот суд. Со податоци од 23 Основни судови, бројката на разводи е за 294 поголема од 2019 година, кога изнесувала 1.990.
Во просек, изминатите 11 години годишно имало по 1.767 разводи.
Извор МИА
Слично
