Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брако: Згрозени сме од шпекулациите за дневни политички препукувања

Брако: Згрозени сме од шпекулациите за дневни политички препукувања

Дел од работите кои беа наша одговорност при изградбата на Модуларната болница во Тетово се реализирани согласно сите најсовремени стандарди за безбедност и квалитет, велат од компанијата Брако. Додаваат дека пред техничкиот прием, сите позиции на работа кои биле нивна обврска се тестирани и проверени, за што впрочем доказ бил уредниот технички прием на објектот, кој бил потоа предаден во употреба согласно ригорозните стандарди на Светската Банка како финансиер на проектот, а преку Проектната единица при Министерството за труд и социјална политика. 

„Во  оваа  прилика  сакаме да напоменеме дека  забелешките кои  се  појавиле  при  техничкиот  прием, а кои  се  споменуваат од дел од медиумите, беа во најголем дел од естетска природа, и никако не можат да се поврзат  со несреќата, а уредно беа отстранети во зададениот рок а пред пуштање на болницата во употреба.  Повикуваме  целокупната  документација  за  техничкиот  прием  да  биде  објавена  од  страна  на  надлежните  институции.  Нашата компанија ги повикува сите истражни органи, што побрзо да  ги расчистат сите околности околу овој  трагичен настан, и да излезат со детали од истрагата. Компанијата стои на располагање за стручна помош, информации и соработка со сите надлежни институции, а со цел да се разјасни случајот во најкус можен рок, стои во соопштението.

Велат дека се згрозени од манипулациите со овој случај и апелираат, оваа трагедија и губитокот на човечки животи, да не се користи како средство за дневно политички и лични препукувања. 

„Најостро ги демантираме сите шпекулации чија единствена цел е оцрнување на нашата компанија, а не откривањето на вистинските причини за трагичниот настан. За сите нови сознанија или информации навремено ќе ја информираме јавноста. Изразуваме најдлабоко сочувство и жалење за вчерашната трагедија во Тетово. Нашите мисли и молитви се со  семејствата на настраданите жртви во вчерашниот пожар, стои во соопштението.

Слично

Поврзани вести