Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Брако“ продолжува да ги гради модуларните објекти

„Брако“ продолжува да ги гради модуларните објекти

Велешката компанија „Брако“ продолжува да ги гради модуларните објекти, но не ковид-болниците, туку амбулантите во Скопје, кои ќе се градат на ист начин.

Од Министерството за здравство за ТВ24 велат дека модуларниот објекти кои се градат се безбедни и од таму порачуваат да не се доведуваат условите и безбедноста во прашање од страна на медиумите.

Од „Брако“ за телевизијата велат дека како изведувач има рокови, односно дека е обврзан со договор, и да не се генерализира инцидентот во тетово, каде изгореа 14 лица откако модуларната болница пламна за неколку минути.

Доктори во меѓувреме негодуваат и сметаат дека градбата треба да престане, затоа што сите виделе дека материјалот е заппалив и дека пациентите нема да бидат сигурни. Од Министерството за здравство како нарачател пак порачуваат да не се прејудицира причината за пожарот.

Здравствените власти одлучија да изградат седум модуларни објекти во Скопје, бидејќи цврстите градби бараат повеќе време и се поскапи.

Седум бараки во седум скопски општини кои функционираа како поликлиники, се заменуваат со модуларни објекти. 

Инаку, Филипче во септември минатата година најави модуларни објекти во населби како Ѓорче Петров, Бутел, Карпош, Аеродром и Ново Лисиче, со тоа што оваа опција е избрана бидејќи е поевтина, побрза и енергетски поефикасна.

Изведувачите на модуларните објекти се компаниите „Брако“ од Велес и „Ари и Том“ од Валандово. 


Слично

Поврзани вести