Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРАЌАТА ЗАЕВИ ЈА РЕГИСТРИРАА „ФОНДАЦИЈА ЗАЕВ - ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ“ - Зоран и Вице ќе го унапредуваат општеството и јавното здравје

БРАЌАТА ЗАЕВИ ЈА РЕГИСТРИРАА „ФОНДАЦИЈА ЗАЕВ - ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ“ - Зоран и Вице ќе го унапредуваат општеството и јавното здравје

Основана е Фондацијата „Фондација Заев - едно општество за сите“, а како нејзини основачи се јавуваат екс премиерот Зоран Заев, заедно со неговиот брат Вице Заев, кој е бизнисмен. 

Оваа новина денеска беше реализирана со регистрацијата во Централниот регистар на земјава, а беше најавувано уште од март оваа година.

Директор на фондацијата е Зоран Заев. Фондацијата ќе врши дејности и активности за унапредување, поддршка и развој на општеството, јавното здравје, едукацијата на млади, заштита на животната средина, спортот, културата, уметноста и деловната заедница Струмица.

Цели на фондацијата се креирање на Заев социјално-хуманитарниа програма, Заев солидарно – инклузивна програма, Заев конгрес центар, Заев програма за животна средина, Заев академија на јавни политики, Заев спортско-рекреативна програма, Заев мото-рели.

Според најавите, во Фондацијата учество ќе земат повеќе интелектуалци од земјава, а учесник ќе биде и Венко Филипче.

Слично

Поврзани вести