Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брачен пар за бездомник собра 400.000 долари, но има еден детаљ

Брачен пар за бездомник собра 400.000 долари, но има еден детаљ

Бездомникот од Филаделфија, кој лани го привлекол вниманието на сите светски медиуми, затоа што последните 20 долари и ги дал на една жена во проблем, повторно се нашол во центарот на вниманието.

Кога Кејт Меклур минатиот ноември останала без гориво ноќе, не знаела што да прави и каде да се јави. Во тој момент се појавил Џон Бобит Помладиот, кој и ги дал последните 20 долари. Тој за неа купил бензин и се погрижил безбедно да стигне дома. Таа за возврат започнала да собира пари за него на „GoFundMe", и собрала околу 400.000 долари. Тој така можел да започне нов живот. 

Бобит вели дека нема пристап до тие пари и дека од 400.000 останале околу 200.000 долари.Тој со Кејт и нејзиното момче Марк Дамико имал добар однос, но подоцна се се променило.

Дамико вели дека тој го контролира пристапот до парите и дека нема да му ги даде на бездомникот додека не се откаже од дрогата и не пронајде работа.

„Нема да му ги дадам парите. Ќе ги запалам пред него. Да му дадеш пари на наркоман е исто како да му дадеш полн пиштол"- вели тој.

Бобит признал дека парот првобитно му дал 25.000 долари кои ги поделил со роднините и пријателите, но трошел и на дрога.

Тој ги обвинува Кејт и Марк дека ги прокоцкале неговите пари и сака да истражи дали само тие имаат правен пристап на тие пари. Не е исклучено овој случај да заврши и на суд.

Слично

Поврзани вести