БРАЧЕН ПАР ФАТЕН СО 348 ГРАМА ЗЛАТЕН НАКИТ - цариниците спречиле обид за криумчарење, следува кривична пријава
Брачен пар од Македонија, кој живеел во Белгија е фатен со голема количина златен наките, кој го откриле царинските службеници и кој им бил запленет.
- Царинските службеници на граничниот премин Табановце, при влез во државата, спречија обид за криумчарење 348 грама златен накит, во вредност од 1,3 милиони денари.
Случајот е откриен при детална контрола на автомобил со кој патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија, при што во чантата на сопатничката се пронајдени 26 парчиња златен накит.
Против неа, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик - нагласуваат од Царинската управа во објавата споделена на социјалните мрежи.
Од оваа институција доаваат дека само годинава се откриени 13 случаи на криумчарење злато, при што се запленети повеќе од 2,5 килограми златен накит и златни монети.
Слично
